Добродојдовте на неофицијалната страна на град Кавадарци


Grb-Kavadarci

home-дома
Актуелно
Лична карта
Положба
Фотографии
Информации
 
 
 

 

 

kruzen

 

2016

Почитувани,
Домот на културата “Иван Мазов – Климе“ Кавадарци активно ја привршува календарската година. Голем број настани ја очекуваат кавадаречката публика последните десетина денови од 2016 година.

среда, 21 декември со почеток од 19 часот
Концерт на класика во Галеријата при Домот на Силвана Чулева Атанасова, флејта и Емилија Кабранова Филипова, пијано.

четврток, 22 декември со почеток од 19 часот
во Галеријата при Домот на културата е промоцијата на петтиот поетски алманах на Здружението на писатели “Тиквешки цветови “ Кавадарци, насловено како “Прошетки на зборот“, во кој се наоѓаат поетски творби на 28 автори.

петок, 23 декември со почеток од 19.30 часот
во Галеријата при Домот ќе биде отворена традиционалната Годишна изложба на Друштвото на ликовни уметници од Кавадарци (ДЛУК).

понеделник, 26 декември во претпладневните часови,
во салата на Домот на културата, премиерно ќе биде прикажана новата претстава за деца на Театарот при Домот на културата, овојпат Театар во сенки “Волшебникот од Оз“, претстава која е прилагодена на новогодишните празнувања и ќе биде на репертоарот цела недела за децата од сите кавадаречки основни училишта.

Од останатите настани би ги издвоиле традиционалните новогодишни концерти

понеделник, 26 декември, од 18 и 19.30 часот
Балетско студио “Венус“ од Кавадарци

среда, 28 декември, 18 и 19 часот
Основното музичко и балетско училиште “Лазо Мицев Рале“ Кавадарци

петок, 30 декември, со почеток од 19 часот
голем концерт на Камерниот оркестар Битола, на репертоарот на оркестарот се музички теми од познатиот серијал филмови за Џемс Бонд – “James Bond Simphony”.

во четврток, на 5 јануари 2017 година,
Домот на културата “Иван Мазов – Климе“ Кавадарци ќе ја започне со традиционалната коледарска манифестација “Дедо цепе бурина“, на Градскиот плоштад во Кавадарци,.

Со почит,
Марјан Тодоровски
Дом на култура Кавадарци.


 

 

Почитувани,

Во петок, на 16 декември 2016, со почеток од 19 часот, во Галеријата и Салата при Домот на културата “Иван Мазов – Климе“ Кавадарци, свечено ќе биде затворено годинашното издание на традиционалната манифестација “Кавадаречка културна есен“. Годинава на манифестацијата се случија над седумдесет настани од сите културни и уметнички дејности. Публиката во Кавадарци имаше можност да погледне врвни концерти, ликовни и фотографски изложби, промоции на книги, предавања и др.

Финалната вечер на “Кавадаречка културна есен 2016“ ќе содржи два настани. Најпрво во Галеријата при Домот на културата ќе биде отворена изложба на уметнички фотографии на авторот Димитар Чунговски, насловена како “Два света“. Веднаш потоа, во Салата при Домот ќе се одржи голем концерт насловен како “Златко Јованов (труба) и пријателите“ со кој се одбележува педагошката дејност на овој музичар и неговата работа со млади и талентирани трубачи.

 

 

Со почит,
Марјан Тодоровски
Дом на култура Кавадарци


 

Почитувани,
Во рамките на манифестацијата “Кавадаречка културна есен 2016“, во петок, на 18 ноември 2016, со почеток од 19 часот, во Галеријата при Домот на културата “Иван Мазов – Климе“ Кавадарци, ќе биде отворена самостојна изложба на познатиот кавадаречки и македонски ликовен уметник Горан Боев. На изложбата за првпат пред ликовната јавност ќе бидат претставени дваесетина нови дела на Горан Боев, апстракции во комбинирана техника, акрил и масло.


Во сабота пак, на 19 ноември 2016, со почеток од 19 часот, ќе се случи свечено пуштање во употреба на реновираната сцена и помошните простории во Салата при Домот на културата “Иван Мазов – Климе“ Кавадарци. Вечерта е насловена како “Културата на Рожаје, Црна Гора – во Кавадарци“, а ќе содржи ликовна изложба и настапи на КУД “Врело Ибра“, етно групата “Тефериџ“, хорот “Илхам“ и танцовата група Пахуље“. Свој дел вечерта ќе има и Фолклорниот ансамбл “Тиквеш“ кој работи при кавадаречкиот Дом на култура.


Со почит,
Марјан Тодоровски
Дом на култура Кавадарци


 

Почитувани,
Во среда, на 5 октомври 2016, со почеток од 19 часот, во Галеријата при Домот на културата “Иван Мазов - Климе“ Кавадарци, свечено ќе биде отворено годинашното издание на традиционалната манифестација “Кавадаречка културна есен“.

Вечерта ќе донесе отворање на заедничка изложба на ликовните уметници Шкипе Мехмети, Дита Старова - Керими и Зарије Амдиј, концерт на Менка Богоевска - виолина и Габриела Бачманова - Пијано, како и мал поетски перформанс на познати поети од Здружението на писатели “Тиквешки цветови“ од Кавадарци. Како вовед во бројните настани (концерти, изложби, промоции, претстави и сл.), веќе во четврток,
на 6 октомври 2016, во рамките на “Кавадаречка културна есен 2016“, во Галеријата при Домот на културата ќе биде одржана промоција на поетската книга на Тодорка Андова “За нашето наше“.

Со почит,
Марјан Тодоровски,
Дом на култура Кавадарци.


Почитувани,

Во Кавадарци започнува Меѓународната ликовна колонија
“Кавадарци – Михајлово 2016“.

Likovna kolonija 2016

Колонијата е во организација на Домот на културата “Иван Мазов – Климе“ Кавадарци и Локалната самоуправа на општина Кавадарци. Веќе две децении оваа колонија се вбројува меѓу најуспешните во Македонија и на неа со својата работа се претставија стотици ликовни уметници од целиот свет. Така и годинава десетици уметници од повеќе земји ќе творат во просториите на Хотелот “Уни Палас 2“, каде од 19 до 27 ќе се одржи колонијата. Во рамките на “Кавадарци – Михајлово 2016“ ќе се одржи и џез фестивал со познати балкански џез музичари.

Она што е интересно што сите дела реализирани годинава на колонијата ќе бидат на аукција и средствата собрани од неа ќе бидат уплатени на сметка за помош на настраданите семејства во поплавените подрачја во Македонија.

Меѓународната ликовна колонија “Кавадарци – Михајлово 2016“ свечено ќе биде отворена во сабота на 20 август 2016, во 21 часот, со изложба на ликовниот уметник Силвана Силва, македонски уметник, кој живее и работи во Данска.


Со почит,
Марјан Тодоровски
Дом на култура Кавадарци


Почитувани,
Три исклучителни музички настани ги очекуваат кавадарчани до крајот на месецот, а во рамките на “Топол културен бран“. Инаку оваа манифестација во Кавадарци е во организација на Домот на културата “Иван Мазов – Климе“ Кавадарци, Локалната самоуправа на општина Кавадарци и Министерството за култура на РМ.

Веќе во петок, на 22 јули 2016, со почеток од 20 часот, во Галеријата при Домот на културата “Иван Мазов – Климе“ е концертот на Филип Шурбевски Егзија Трио, за љубителите на изворната македонска чалгија.

Во вторник, на 26 јули 2016, со почеток од 21 часот, на Градскиот плоштад во Кавадарци ќе се одржи голем концерт на Камерен орекстар Битола со наслов “Rock Simphony“. Битолските класични музичари за љубителите на убавата музика ќе понудат изведба на познати рок теми.

Во сабота пак, на 30 јули 2016 година, со почеток од 20.30 часот, во Галеријата при Домот на културата “Иван Мазов – Климе“, целовечерен концерт ќе одржи Трио “Аура“ во кој членуваат врвните македонски музичари Страшо Темков – флејта, Ана Гацева – пијано и Марјан Милошевски – фагот.

Со почит,
Марјан Тодоровски
Дом на култура Кавадарци



недела, на 10 јули 2016, Градски парк во Кавадарци

Почитувани,

Во недела, на 10 јули 2016, во Градскиот парк во Кавадарци (плато под Винска куќа) ќе се одржи петтото издание на Меморијалната манифестација “Денот кога се роди добриот човек“.

Манифестацијата е посветена на Дејан Костов Лиса, урбан лик од Кавадарци, соработник на најдобрите кавадаречки уметници, дете од вистинскиот центар на градот. Овој мултимедијален настан е во организација на долгогодишните пријатели и соработници на Дејан Костов Лиса, денес собрани во Здружението за алтернативна култура “Алтер – Центар“ од Кавадарци.

Низ сите досегашни изданија на оваа манифестација провејуваше урбаната култура со учество на познати рок музичари од Кавадарци и Македонија, како и познати кавадаречки урбани поети, ликовни уметници и актери.

 

 

Манифестацијата се одржува под отворено небо и досега освои повеќе градски простори, во чии рамки особено место добија млади уметници од различни дејности, па така и годинава ќе се случи спој на младоста и искуството. Петтото издание на “Денот кога се роди добриот човек“ ќе донесе рок музика во unplugged изведба на кавадаречкиот супер рок бенд “Бадасал Трио“, ликовен перформанс предводен од младиот кавадаречки уметник Трајче Јованов, урбана поезија, актерски моменти и др.

 


 

Меморијалната манифестација “Денот кога се роди добриот човек“, малку поразличен културен настан од секојдневните, ќе започне во 19.00 часот, во Градски парк Кавадарци - Плато под Винска куќа.

 

 

 

Со почит,
Марјан Тодоровски
“Алтер Центар“ Кавадарци


 

28 јуни 2016, вторник, 20 часот,
Дом на културата “Иван Мазов – Климе“, Кавадарци

Почитувани,
Во вторник, на 28 јуни 2016, со почеток од 20 часот, во Домот на културата “Иван Мазов – Климе“ Кавадарци ќе биде одржана премиера на театарската претстава “Викенд на мртовци“ по текст на Миле Поповски, а во режија на Милица Гочевска.

Викенд на мртовци

Претставата се реализира во соработка меѓу Театарот при Домот на културата “Иван Мазов – Климе“ Кавадарци и Театарската група при Домот на културата “Мирка Гинова“ Демир Капија.
Во претставата играат: Диме Коцевски, Снежана Карова, Милица Гочевска, Анита Младеновиќ, Видан Станоев, Љупчо Настов, Деан Атанасов, Димче Бањански, Коле Колев, Крсте Мелов, Александар Малинков, Владанка Недева, Валентина Ѓорѓиева, Томе Атанасов, Симона Богева и Кристина Сакалиева. Техничката подршка (сцена, музика, светло) е на Диме Темков и Марјан Тодоровски.
Со оглед на тоа што бројот на влезници во слободна продажба за самата премиера е ограничен, поради интересот на кавадаречките љубители на театарот, првата реприза на “Викенд на мртовци“ е закажана веќе за четврток, 30 јуни 2016.

Со почит,
Марјан Тодоровски
Дом на култура Кавадарци

 


13 јуни 2016, понеделник, 18:30 + 20:00
Дом на културата “Иван Мазов – Климе“ Кавадарци

Почитувани,
Во понеделник, на 13 јуни 2016, со почеток од 18.30 и 20 часот, ќе се одржат традиционалните Годишни концерти на Балетското студио “Венус“ Кавадарци.
И официјално, Балетското студио “Венус“ е најнаградуваното македонско студио за модерен балет како на фестивалите и балетските натпревари во Македонија, така и во странство.

Во понеделник, пред публиката во салата на Домот на културата “Иван Мазов – Климе“ Кавадарци, со сиот раскош пред љубителите на модерните балетски танци ќе се претстават сите групи по возраст, со сите наградени кореографии изминатата година, а под раководство на балетските педагози и кореографи Билјана Грозданова Ивановска и Ана Балова.

На 13 јуни, кавадаречкиот Дом на култура ќе биде домаќин на уште еден од големите балетски спектакли на Балетското студио “Венус“, кое над 20 години е на сцената на македонскиот модерен балет, концерти кои ќе го одбележат овој период на културните случувања во Кавадарци.

Со почит,
Марјан Тодоровски
Кавадарци

 



сабота, 14 мај 2016 !!!

»Тиквешки Гроздобер 2016«

гроздобер

„ТИКВЕШКИ ГРОЗДОБЕР“ ЌЕ СЕ ОДРЖИ НА
2, 3 И 4 СЕПТЕМВРИ 2016 ГОДИНА

 

ИНФОРМАЦИИ »»»


 

сабота, 16 април 2016,

“Пријателите за Сокол - 2016“.


Почитувани,
Во сабота , на 16 април 2016, во Кавадарци ќе се одржи
манифестацијата “Пријателите за Сокол – 2016“,
која долгогодишните соработници и пријатели собрани во неформалната уметничка група “Сокол Арт“ ја организираат и посветуваат на Денот на раѓањето (16 април 1957) на еден од најголемите кавадаречки и македонски ликовни уметници Ристо Соколов Сокол.

Risto Sokolov Sokol

Манифестацијата “Пријателите за Сокол – 2016“, која што ќе се одржи во летната бавча на пица ресторанот “Астрато“ со официјална програма од 19 до 21 часот, ќе содржи ликовен перформанс, ликовна и фотографска изложба, видео проекција, концерт и промоција на книга со поезија на Марјан Тодоровски и црно бели репродукции на ликовни дела на Ристо Соколов Сокол. Учесници се познати кавадаречки ликовни уметници, актери, поети, музичари и фотографи.
Инаку, Ристо Соколов Сокол, роден на ден Велигден - 16 април 1957 е еден од големите уметници од Кавадарци и Македонија, кој со својата тотална уметност изразена преку ликовни интервенции и перформанси, ликовни изложби, мултимедијални проекти, сценографии за бројни настани, организација на врвни ликовни колонии и уметнички фестивали, соработка со уметници од сите дејности (ликовна уметност, музика, фотографија, театар, литература и др.) ќе остане запаметен низ бројните дела, но и интервенциите во бројни јавни објекти во Кавадарци и низ Македонија. Прерано почина на Свети Трифун, на 14 февруари 2015 година.

Марјан Тодоровски

Вечер посветена на стварањето и славење на уметноста, каков што беше и животот на големиот уметник и човек Ристо Соколов Сокол.

Официјалниот дел на манифестацијата започнува во 19 часот и ќе трае до 21 часот.

 


петок, 15 април 2016,

“Color dance"

Во петок, на 15 април 2016, од 19 часот, во Галеријата при Домот на културата “Иван Мазов - Климе“ Кавадарци, со почеток од 19 часот, ќе биде отворена изложба на уметнички фотографии на познатиот уметнички фотограф Јане Љоровски од Скопје. Изложбата е насловена како “Color dance"

Jane Ljorovski

Несекојдневно фотографско доживување, играта како тема со која се разбудува фантазијата на гледачот. Ретка прилика да се видат фотографски дела кои ретко кој во Македонија имал прилика да ужива во нив.

 


01.04.2016

»Очекувано, преполно гледилиште, смеење до солзи, многу емоции, автограми, фотографирање и убава музика ја одбележа промоцијата на втората книга на култниот кавадаречки лик, Златко Вузевски - Паја, збирката вицови „Лакрдиите на Паја“.«
(преземенно од kavadar4e.mk)

» kavadar4e.mk
» фотографии
» видео


 

 

 

 

Архива

» 2009
» 2010
» 2011
» 2012
» 2013
» 2014
» 2015

 

Место за информации за активности во Кавадарци...

Контактирајте не на :


 

  Ristovski © 2005-2016 posta
mak en de