Добродојдовте на неофицијалната страна на град Кавадарци


Grb-Kavadarci

home-дома
Актуелно
Лична карта
Положба
Фотографии
Информации
 
 
 

 

 

Kavadarci 2010

 

2012

Почитувани,

Во петок, на 28 декември, со почеток од 19 часот,
во Галеријата при Домот на културата “Иван Мазов – Климе“ Кавадарци,

ќе биде отворена редовната Годишна изложба на членовите на Друштвото на ликовни уметници Кавадарци (ДЛУК). На ова издание на Годишната изложба учествуваат 26 членови на ДЛУК, кои ќе се претстават со комбиниран цртеж, а истата се совпаѓа со 35 години од основањето на Друштвото, едно од најстарите Ликовни здруженија во Македонија, од кое произлегоа дел од најдобрите и најпознатите македонски ликовни уметници, кои се веќе длабоко етаблирани во модерната македонска и светска ликовна сцена.
Со свои дела ќе се претстават Ристо Соколов Сокол, Глигор Стефанов, Димитар Самарџиев, Билјана Соколова, Елпида Хаџи – Василева, Ванчо Кеков, Александар Нетковски, Цветанка Темкова Илова, Гоце Давидов, Горан Боев, Горан Ѓорев, Ива Јосифова, Владимир Темков, Маја Ралева, Марија Дичова, Петар Наневски, Петар Петков, Игор Јосифов, Симона Манчева, Соња Самарџиева, Ристо Јосифовски, Стефанија Петровска, Томе Филов, Ружица Јосифовска, Трајче Јованов и Валентина Илијевска.

ДУЛК 2012


Како што се забележува, меѓу учесниците е првиот македонски претставник на Венецијанското ликовно биенале – Глигор Стефанов, но и следниот уметник кој на најпрестижното светско ликовно биенале ќе ја претставува нашата држава – Елпида Хаџи Василева, но и останати големи имиња кои веќе излагале во Париз, Њујорк, Бостон, Софија, Љубљана и други светски ликовни метрополи, како и низ сите еминентни македонски Галерии и музејски простори.
Годишната изложба на ДЛУК претставува извонредна прилика за кавадаречката и македонската ликовна јавност на едно место да види дел од новите правци по кој се движи уметноста на членовите на Друштвото и да се увери зошто кавадаречката ликовна сцена со години е една од најуспешните во Македонија.


Со почит,
Марјан Тодоровски
Секретар на ДЛУК
www.bluziranje.blog.mk


 

Во петок на 16 ноември, со почеток од 20 ч, на сцената на Домот на културата „Иван Мазов - Климе“ Кавадарци ќе се одржи промоција на првата македонска современа женска едиција поезија „Русалки“. Едицијата е издание на издавачката куќа
„Или - Или“ од Скопје. Едицијата „Русалки“ ги содржи следните книги: „Ладно кафе“ на авторката Цветанка Колева, „Мижитатара“ на Катерина Батаклиева, „Шеќер на подот“ на Снежана Стојчевска и „Жега“ на Аница Блажевска.


Промоцијата во Кавадарци доаѓа по успешното претставување во Скопје, а самата промоција ќе биде своевиден поетски перформанс, со мала помош на пријатели, познати кавадаречки актери, поети, ликовни уменици и музичари.
Самата промоција ќе се одвива под мотото „Се што е убаво во животот е поезија, сето друго е проза“.

Со почит,

Марјан Тодоровски
Уредник на програма
Дом на култура Кавадарци
www.bluziranje.blog.mk

 


26 септември 2012, среда, Музеј галерија Кавадарци

Почитувани,

Во среда, на 26 септември 2012, во Музеј галерија Кавадарци ке биде отворена самостојна изложба на еден од најдобрите македонски акварелисти, ликовниот уметник Ванчо Кеков.

Изложбата содржи 30-тина дела и тоа акварели, графики и цртежи. Ванчо Кеков е роден 1960 година, завршил училисте за применета уметност и Факултет за ликовни уметности во Скопје. Инаку, Ванчо Кеков досега има реализирано седум самостојни излозби, учествувал на меѓунартодни ликовни колонии и групни изложби низ целиот Балкан. Член е на Друштвото на ликовни уметници Кавадарци (ДЛУК) и на Друштвото на ликовни уметници на Македонија (ДЛУМ). Отварањето на изложбата е во 19 часот.

Со почит,

Марјан Тодоровски
Медиумски координатор на Уметничко студио „Сокол Арт“ Кавадарци
Уредник на програма во Дом на култура Кавадарци
www.bluziranje.blog.mk


 

ТИКВЕШКИ ГРОЗДОБЕР 2012

програма:

PDF»»»


 

04.05.2012, 20ч

Ви ја најавуваме изложбата на познатиот ликовен уметник со потекло од Кавадарци Симон Шемов,еден од авторите кој ќе ја предводи делегацијата на ликовни уметници кои ќе престојуваат во Париз,Р.Франција

Изложбата ќе биде отворена на 04 мај (петок)2012г. во 20.00часот во Галеријата при Дом на култура «Иван Мазов-Климе» Кавадарци

Дом на култура
«Иван Мазов-Климе»
Кавадарци

 


 

13.03.2012, вторник, 19:30ч., Дом на културата «Иван Мазов - Климе»
10.03.2012, сабота, 19ч., Дом на културата «Иван Мазов - Климе»

Во сабота на 10 март, со почеток од 19.30 часот, Театарот при Домот на културата «Иван Мазов - Климе» од Кавадарци премиерно ќе ја изведе претставата «Дупло дно» по текст на Горан Стефановски.

Дупло дно

Режијата на претставата е на познатиот кавадаречки актер Александар Малинков кој одбележува 25 години професионална театарска дејност. Во реализацијата на истата (плакат, сценографија, музика, кореографија) вклучени се познати ликовни уметници, културни дејци и балетски педагози од Кавадарци, меѓу кои Ристо Соколов Сокол, Марјан Тодоровски, Билјана Соколова и Билјана Грозданова Ивановска. Играат Александар Малинков, Диме Коцевски, Милица Гочевска, Благица Ѓорѓиева и Дејан Атанасов. Првата реприза е веќе во вторник, на 13 март.

Марјан Тодоровски
Уредник на програма
Дом на култура Кавадарци
www.bluziranje.blog.mk


НОВА ПРЕТСТАВА НА КАВАДАРЕЧКИОТ ТЕАТАР

Театарот при Домот на културата “Иван Мазов – Климе“ од Кавадарци наскоро со нова премиерна претстава. При крај е поставувањето на еден од најдобрите драмски текстови на Горан Стефановски – “Дупло дно“, во режија на Александар Малинков. Познат актер од Кавадарци, кој со поставувањето на оваа претстава одбележува 25 години професионална театарска дејност, и воопшто успешно делување на полето на културата и уметноста во Кавадарци. Малинков успешно соработува со познати кавадаречки и македонски уметници, од сите дејности, гостува на други сцени, а има одиграно и солиден број на улоги во ТВ серии, ТВ филмови, Македонски народни приказни и др.


Во “Дупло дно“ покрај Александар Малинков кој игра една од улогите, играат уште и кавадаречките актери Диме Коцевски, Милица Гочевска, Дејан Атанасов и Благица Ѓорѓиева. Се очекува премиерата да се случи најдоцна до половината на месец март, по што претставата ќе биде на редовен репертоар на матичната сцена, а со оглед на тоа што станува збор за претстава која сигурно ќе побуди внимание меѓу љубителите на театарската уметност, веќе се договорени и неколку гостувања низ Македонија.

Марјан Тодоровски
Уредник на програма
Дом на култура Кавадарци
www.bluziranje.blog.mk


февруари 2012

« Од срцето на Македонија »

Фотоприказната за Кавадарци е дело на неколку кавадаречки уметници.
Фотографиите се на Тони Коцев, Тони Галабов, Фотостудиото «Експрес», како и фотографии од архивот на Музејот на Кавадарци,
Петре Камчевски е одговорен за текстот, а Димитар Мурџев за креирањето на приказната. Свои допринос за реализација дадоа и Билјана Соколова, дизајн на обвивката на DVD-то, Миле Каровски за музиката.
Пред кавадаречката јавност, во киносалатато, DVD-го представи Алаександар Малинков.

 


 

Место за информации за активности во Кавадарци...

Контактирајте не на :

 

 

Архива

» 2009
» 2010
» 2011


 

  Ristovski © 2005-2012 posta
mak en de