Добродојдовте на неофицијалната страна на град Кавадарци


Grb-Kavadarci

home-дома
Актуелно
Лична карта
Положба
Фотографии
Информации
 
 
 

 

 

»Тиквешки Гроздобер 2016«

»ТИКВЕШКИ ГРОЗДОБЕР« ЌЕ СЕ ОДРЖИ НА
2, 3 И 4 СЕПТЕМВРИ 2016 ГОДИНА

МУЗИЧКИ АТРАКЦИИ »ПАРНИ ВАЉАК« И »РИБЉА ЧОРБА«

Манифестацијата »Тиквешки Гроздобер« ова година веројатно, ако судиме според подготовките, се очекува да ја видиме во најблескавото издание .
Организаторот Агенцијата за организирање на Општински манифестации објави дека годинава Гроздоберот во Кавадарци ќе се одржи на 2, 3, и 4 Септември (петок, сабота и недела).
Со оглед на серозноста со која се работи во Општината, сите детали се прецизирани многу порано отколку досега. Па така, според информацијата на координаторот на Агенцијата, Зоран Станоев-Дејзи, ова стопанско туристичка манифестација, која е празник на грозјето и виното, најголема во Кавадарци и една од позначајните во Македонија, ќе го има епитетот на оригиналност и атрактивност. За публиката вниманието ќе го привлечат музичките звезди.


Годинава организаторот реши со концерти да настапат легендарните групи „РИБЉА ЧОРБА„ и „ПАРНИ ВАЉАК„ ( петок и сабота), а во недела ќе настапи групата „Бангладеш“. За Рибља Чорба и Парни Ваљак, за популарноста не треба да се говори, тие се вечни, а за групата Бангладеш се знае дека е популарна тинејџерска европска група. Многу посакуваниот концерт на „Парни Ваљак„ познато е, ќе трае 2 до 3 часа.

- Ќе има и уште многу други новини кои ќе бидат составен дел на програмата но ќе ги објавиме со програмата за Тиквешки гроздобер, вели Станоев - Дејзи и потенцира дека на Гроздоберот активно ке бидат вклучени поголемите и помалите винарии од Македонија, Што се однесува за Винскиот карневал, предвиден е да се одржи во сабота на 3 септември пред концерот на ПАРНИ ВАЉАК, предвидено е да биде побогат со 10-12 нови општински карневалски поставки. Покрај нив во Кавадарци ке бидат присутни со свои поставки сите градови членки на Асоцијацијата на карневалски градови . Секако овде се и граѓанските поставки кои ќе бидат спремни до одржувањето на винскиот карневал“. Се очекува да присуствуваат највисоките преставници на ФЕЕК –Светската карневалксна асоцијација, чии преставници ќе ги прогласат најдобрите карневалски поставки на основните и средни училишта од Кавадарци. Се работи за награди во вредност од 60 илјади денари за прво, 42 илјади денари за второ и 30 илјади денари за трето место
Станоев е дециден дека како Агенција за организирање на манифестацијата ќе вложат максимални напори за голем и спектакуларен гроздобер, кој по многу нешта ке биде подобар од досегашните. Главни покровители и организатори се градоначалникот Александар Панов и Советот на Општината кој ги одобри потребните средства за организација на манифестацијата.
Инаку Агенцијата за организирање на Општнснски манифестации на 10, 11 и 12 јуни има во обврска да организира две врвни содржини од туристички карактер, кој ке бидат мала генерална проба.
Во Кавадраци ке се одржат„ Гурмански викенд“ и „Баскерфест“.
Тоа што подготовките започнаа во април, за да завршат во септември е добар потег на Локалната самоуправа и Организатотот на Винскииот карневал, кој веројатно ќе придонесе за целосно подобра манифестација „Тиквешки Гроздобер 2016“.

Марјан Димитров
Телевизија Тиквешија

 

  .
   

 



 

 

 

 

»Тиквешки Гроздобер 2016«

02.09.2016
- концерт: »Рибља Чорба«

03.09.2016
- Вински карневал
- концерт: »Парни Ваљак«

04.09.2016
- концерт: »Бангладеш«

 

 

 

  Ristovski © 2016 posta
mak en de