За изработка и добро функционирање на страната kavadarci.info, сме зависни од секоја информација, фотографија и сугестија од ваша страна. Затоа ве замолуваме да со Ваш прилог ни помогнете да оваа страна ја направиме на НИВО .Секако сме отворени за предлози со комплетни презентации. Сите ваши сугестии, предлози, прилози, фотографии и останато најбрзо ќе бидат обработени ако ги испратите на
Контакт:
webmajstori-e-kavadarci.info
Ristovski Gordan
Gotthardstr.3
CH-6415 Arth
Фотографии:
фотографиите на овие страни, доколку посебно не е назначено се од:
- Тони Галабов
- Тони Коцев
- Гордан Ристовски
импресум:
Главниот кривец за постанок на оваа презентација сум јас Гордан Ристовски - Гого
Како почна сето ова:
Еден летен ден во лето 2004-то сакав да најдам некој податок за Кавадарци.
Одма помислив на интернет и седнав пред компјутерот напишав
www.kavadarci.gov.mk и .....ништо?!?!?
напишав www.kavadarci.com.mk пак ништо.
Почнав: .mk .com .gov и се друго што ми текна ама ништо.
Така „наапан“ ја регистрирав www.kavadarci.info и решив да направам нешто
(и ако немав поима како оди сево ова). Еве сега после неколку години и веќе трето детално редизајнирање имаме пристојна страна
Но сепак ќе ве замолам за помош:
-сите оние кои имаат по некоја слика од Кавадарци, било да е понова или
постара и сакаат да ја објавиме на овие страни да ги испратат на Е-Маил адресата
-ќе ми биде многу мило ако линкови кои се во врска со Кавадарци или од
Кавадарци се најдат на оваа страна
- и било каква информација која мислете дека е интересна за пошироката
јавност може да ја испратите
На овие страни нема да најдете:
-форуми, -вицови, -рецепти и се останато што го има во изобилство во
интернет, ама на други страни.
Се надевам дека нема да се лутите што страните нема да бидат секогаш
најактуелни.
|