Добродојдовте на неофицијалната страна на град Кавадарци


Grb-Kavadarci

home-дома
Актуелно
Лична карта
Положба
Фотографии
Информации
 
 
 

 

 

Кавадарци

 

Кавадаречка културна есен

15 - 25.12.2009

Почитувани,

Во вторник, на 15 декември 2009, со почеток од 20ч, во Домот на културата „Иван Мазов - Климе“ во Кавадарци, ќе биде отворена изложбата на еден од најпознатите кавадаречки ликовни уметници Ристо Соколов Сокол.
Сокол пред јавноста излегува со дела настанати од неговиот петгодишен работен циклус, а чија тематика и мајсторство на изработка се провлекуваат како загатка во целиот негов пребогат опус. Уметникот Ристо Соколов Сокол на сопствен начин ствара ликовни дела со природни материјали, внесувајќи го своето ликовно и животно искуство на секое дело кое е дел од оваа изложба.

ристо


Самиот чин на отварање на изложбата на Ристо Соколов Сокол ќе биде своевиден уметнички перформанс, а изложбата се најавува како Ретро Мултимедиа и носи наслов „ТРАГИ“. Изложбата на Сокол со нетрпение се очекува во кавадаречките културни и уметнички кругови, со оглед на неговото богато ликовно творештво, бројните успесни изложби и неговите познати ликовни перформанси.

 

Со почит,

Марјан Тодоровски
Уредник на програма
Дом на култура Кавадарци


 

со несмален интензитет и квалитетни настапи продолжува манифестацијата Кавадаречка културна есен.
Оваа недела љубителите на културата и уметноста во Кавадарци и Тиквешијата ќе можат да уживаат во:

сабота, 24 октомври, 19 часот,
“Распеана чаршија“ со фолглорниот ансамбл “Тиквеш“ и нивните гости КУД “Жарко Зрењанин“ од Бавниште, Србија и фолклорни и пеачки Културно уметнички друштва од повеќе градови од Македонија.
Кратко дефиле по улицата Илинденска и заклучен концерт во салата на Дом на култура

понеделник, 26 октомври, 19 часот,
сала на Дом на култура

Мултикултурен проект на Средното училиште „Ѓорче Петров“ од Кавадарци

вторник, 27 октомври, 20 часот,
сала на Дом на култура

Театарска претстава „Госпоѓа министерка“ на Театарот при Домот на културата „Иван Мазов - Климе“

среда, 28 октомври, 19 часот,
Градска галерија при Дом на култура

Промоција на книгите „Чарли“ и „Такт“ од Борче Панов - Радовиш

четврток, 29 октомври 20 часот,
сала на Дом на култура

Концерт на ученици од ОМБУ „Лазо Мицев Рале“ од Кавадарци наградени на државни и меѓународни натпревари

петок, 30 октомври, 19 часот,
Градска галерија при Дом на култура

Пијано Концерт на Тодор Спанџов и Јанакиева Ивана

Со почит,

Марјан Тодоровски
Уредник на програма
Дом на култура Кавадарци



25.09.2009

Почитувани

Во петок, на 25 септември 2009 со почеток во 20ч, на платото пред Домот на културата ,,Иван Мазов-Климе,, во Кавадарци свечено ќе биде отворено годинажното издание на манифестацијата ,,Кавадаречка културна есен,,
Гидинашнава ,,Кавадаречка културна есен,, на културната јавност ќе и понуди над 30 настани од сите културни и уметнички дејности - театарски претстави, концерти класика, ликовни изложби, фолклорни концерти, промоции на книги и др.
Отварањето че се случи со самостојна ликовна изложба на Дивна Пешиќ (градска галерија), настап на поп звездата Елена Ристевска (плато пред Дом на култура) и монодрамата „Деца на сонцето“ авторски проект на актерот Петар Темелковски (сала на Дом на култура).
Манифестацијата „Кавадаречка културна есен 2009“ ќе трае до крајот на месец ноември.

Со почит,

Марјан Тодоровски
Уредник на програма
Дом на култура Кавадарци


17.09.2009 -

На својот пат низ Македонија Интернационалниот ликовен Караван на Тихомор Кондев, по одржаните изложби во Струга и Охрид, застанува во Кавадарци. Насловен како „Звуци на соништата“ Караванот на Кондев во Кавадарци ќе претстави три млади, но веќе потврдени академски сликарки од Нови Сад, Србија - Крстиња Радин, Владана Молдован и Данијела Богунович. Уметниците за првпат преку ликовниот караван на Кондев се претставуваат во Македонија, а изложбата содржи по седум нивни најнови дела - масла на платно.
Интернационалниот ликовен Караван на Тихомир Кондев, односно изложбата со делата на трите млади српски сликарки ќе се одржи во Градската галерија при Дом на култура „Иван Мазов-Климе“, а ќе биде отворена во четврток на 17 септември во 20 часот.


11.09.2009

Почитувани,

Во организација на Домот на културата „Иван Мазов-Климе“ од Кавадарци, Локалната самоуправа на општина Кавадарци и Министерствотот за култура на РМ, во петок, на 11 септември, во салата при Домот на културата „Иван Мазов-Климе“ во Кавадарци ќе гостува Прилепскиот народен театар „Војдан Чернодрински“ со претставата „Јане Задрогаз“. Претставата започнува во 20.30 ч.

Со почит,

Марјан Тодоровски
уредник на програма
Дом на култура Кавадарци
www.bluziranje.blog.com.mk

 


Септември 2009

Почитувани посетители,
секој човек си има роденден и кој повеќе кој помалку си го слави.
Точниот ден на “раѓање“ на оваа страна неможам точно да го утврдам. Знам дека летото 2004-то го регистрирав името на страната и некаде околу јануари-февруари 2005 беше сум ја пуштил првата верзија на страната. И поради тие причини (кој ќе издрже 6-7 месеци да тера роденден) не и тераме роденден на оваа страна. Ама ајде по некој повод да славиме. И така си викам да го земеме 7-ми септември како ден и на kavadarci.info нели секако и ден на Кавадарци е.
Па ете за денот на Кавадарци и на kavadarci.info си викам да им поклонам нешто мало и од мене. По повеќечасовна макотрпна работа ја направив оваа, најнова презентација за нашиот сакан град.
За подршката и помошта им се заблагодарувам на Тони Галабов, Тони Коцев, Марјан Тодоровски, Зорица Тодоровска и Маца Бандева.
(а потајно уште се надевам дека некој од Кавадарци ќе се “налуте“ и ќе направе поубава страна за Кавадарци, па макар тоа да биде и некој од Локалната самоуправа)

гого




 

 

 

“Тиквешки Гроздобер 2009”

фотографии од гроздоберот »»»


 

  Ristovski © 2005 posta
mak en de