Почитувани,

Во среда, на 16 мај 2018, со почеток од 20.30 часот во Дом на култура Кавадарци, ќе се одржи ексклузивен концерт на Кокан Димушевски насловен како “Private music”. На концертот во Кавадарци Кокан Димушевски (електронски инструменти) заедно со Љубиша Кировски (виола) освен дел од бројните музички наслови во неговата обемна соло кариера надвор од матичните “Леб и Сол“, ќе исполнат и нови теми, премиерно за љубителите на убавата музика.

Кокан Димушевски, освен како оригинален клавијатурист на легендарните “Леб и Сол“ музичката кариера успешно ја гради во безброј проекти (неколку соло албуми), соработува со бројни музичари во Македонија и надвор од неа, со бројни концерти на познати сцени.

Влезниците по цена од само 100 денари можат да се набават на билетарата на Домот на културата во Кавадарци во вторник и среда (15 и 16 мај 2018) од 18.30 до 20.30 часот.

Се гледаме на ексклузивниот концерт на Кокан Димушевски во Кавадарци.

Со почит,
Марјан Тодоровски
Дом на култура Кавадарци


Почитувани,

Во среда, на 9 мај 2018, со почеток од 20 часот, во Галеријата при Домот на културата “Иван Мазов – Климе“ Кавадарци, ќе биде отворена изложба на дела создадени на 54 издание на Меѓународната струмичка ликовна колонија, која во организација на Центарот за култура “Антон Панов“ се одржа во Струмица од 1 до 12 август 2017. Во пресрет на најновото издание кое се подготвува во Струмица, изложбата во Кавадарци се одржува на традиционалниот Ден на Европа – 9 Мај.

Во сабота и недела, на 12 и 13 мај 2018, со почеток од 11 часот во Домот на културата “Иван Мазов – Климе“ Кавадарци ќе се одржи традиционалниот Републички натпревар на детски и младински хорови, една од најстарите хорски манифестации во Македонија. На натпреварот учествуваат хорови кои постигнаа најголем успех на регионалните натпревари.

09.05.2018, 22:22
Со оглед на тоа што организаторот на Републичкиот натпревар на младински и детски хорови одлучил да го промени градот на оддржување на истиот, би сакал да Ве известам дека тој нема да се одржи на 12 и 13 мај во Кавадарци во Домот на културата “Иван Мазов – Климе“, како што стоеше во дописот кој претходно Ви го допратив.

 

Си почит,
Марјан Тодоровски
Дом на култура Кавадарци

Von kavadar