Почитувани,

Во петок, на 27 април 2018, со почеток од 20 часот,
во Галеријата при Домот на културата “Иван Мазов – Климе“ Кавадарци, ќе биде отворена изложба на уметнички фотографии од авторите Александар Кондев и Илија Узунов.

Александар Кондев живее и работи во Скопје. Богатство од фотографски изложби, групни и самостојни, содржи неговата биографија. Активен е и на полето на филмската документаристика и анимацијата како негов личен ангажман. Наградуван е за својот уметнички ангажман на полето на фотографијата.

Илија Узунов живее и работи во Сиднеј, Австралија. Неговата фотографска активност е особено изразена во Австралија каде е присутен на бројни и значајни групни и уметнички фотографски изложби. Наградуван е на неколку светски и австралиски фотографски конкурси и изложби.

Изложбата е во организација на Дом на култура “Иван Мазов – Климе“ Кавадарци, а е поддржана и од Министерството за култура на Република Македонија.

 

Со почит,
Марјан Тодоровски
Дом на култура Кавадарци

Von kavadar