Почитувани,
Во вторник, на 18 декември 2018, со почеток од 20 часот, во  Домот на културата “Иван Мазов – Климе“ Кавадарци официјално ќе биде затворена традиционалната манифестација “Кавадаречка културна есен 2018“. Манифестацијата донесе четириесетина културни и уметнички настани, исклучително добро посетени и тоа театарски претстави (премиери и гостувачки) концерти на блуз, џез и класична музика, ликовни и фотографски изложби, промоции на книги и др.
“Кавадаречка културна есен 2018“ официјално ќе биде затворена со целевечерен џез концерт на “Jazzna Jaaz Quartet”, џез бенд составен од искусни музичари од повеќе градови во Македонија.

Што се однесува до останатите настани во Домот на културата “Иван Мазов – Климе“ Кавадарци, тие ќе се одвиваат секојдневно до крајот на годината.
Следува детската новогодишна претстава на Театарот при Дом на култура “Иван Мазов – Климе“, Театар на сенки “Рибарот и златната рипка пловат до Лапонија“ која за учениците од основните училишта од општина Кавадарци ќе се игра десет пати поради големиот интерес и тоа од 17 до 21 декември 2018 од 12 и 13 часот.

Два литературни настани ја очекуваат кавадаречката публика: на 20 декември од 19 часот промоција на првото прозно дело “Аранел“ од младиот кавадарчанец Лазар Каров и традиционалното поетско чествување на членовите на Клубот на писатели “Тиквешки цветови“ од Кавадарци, на 24 декември од 19 часот.
Меѓу другите настани до Нова година би ги издвоиле и Новогодишните концерти на најнаградуваното македонско балетско студио “венус“ од кавадарци на 25 декември од 18 и 19.30 часот,
како и Годишната изложба на Друштвото на ликовни уметници од Кавадарци (ДЛУК) на 28 декември од 19 часот.

Со почит,
Марјан Тодоровски
Дом на култура “Иван Мазов – Климе“ Кавадарци

Von kavadar