Почитувани,
Во понеделник, на 22 октомври 2018, во Домот на културата “Иван Мазов – Климе“ Кавадарци, ќе биде отворено новото издание на традиционалната манифестација
“Кавадаречка културна есен 2018“
.

Манифестацијата ќе биде отворена со изложба на дела реализирани на Меѓународната радовишка ликовна колонија 2018 и блуз концерт на Igi Man Trio во состав Игор Станоевски Игимен, гитара/вокал; Петре Ангелов Фиш, бас/вокал; Горан Митрев, тапани; и како гостин – Рената Симоновска, вокал.

Годинашното издание на “Кавадаречка културна есен“ ќе донесе повеќе концерти на џез, рок, традиционална и класична музика, театарски претстави меѓу кои и премиера на Театарот при кавадаречкиот Дом на култура (трета во 2018), ликовни и фотографски изложби, промоции на книги и др.

По отворањето на манифестацијата, а во нејзини рамки следуваат голем концерт по повод 100 години од раѓањето на еден од најпознатите македонски исполнители на народни песни Никола Бадев (26 октомври) и отворање на изложба на уметнички фотографии на Љупчо Илиевски (31 октомври). Манифестацијата “Кавадаречка културна есен 2018“ ќе трае до почетокот на месец декември 2018.

Со почит,
Марјан Тодоровски
Дом на култура Кавадарци

Von kavadar