Почитувани,
Во вторник, на 15 октомври 2019, со почеток од 19 часот, на Градски плоштад – Кавадарци свечено ќе биде отворено годинашното издание на традиционалната манифестација “Кавадаречка културна есен“. Отворањето ќе донесе настап на Фолклорниот ансамбл “Тиквеш“ кој работи при Домот на културата “Иван Мазов – Климе“ Кавадарци и настап на ученици и професори од Основното музичко училиште “Лазо Мицев Рале“ Кавадарци.
Манифестацијата “Кавадаречка културна есен 2019“ ќе трае еден месец и ќе донесе над 30 културни и уметнички настани – концерти на класична музика, фолклорен фестивал, ликовни изложби, работилници од областа на театарот, фолклорот и фотографијата, а во рамките на истата ќе се оддржи и “Месец на театарот во Кавадарци“ по повод 90 години од првата официјално одиграна театарска претстава во Кавадарци.

По тој повод во Кавадарци ќе се одржат неколку претстави на Театарот при кавадаречкиот Дом на култура, од кои една премиерна – “Снежана и седумте џуџиња“ во режија на Микица Илова, како и неколку гостувања на професионални театарски ансамбли. Манифестацијата официјално ќе биде затворена на 15 ноември 2019.

Со почит,
Марјан Тодоровски
Дом на култура – Кавадарци

ПРОГРАМА

„КАВАДАРЕЧКА КУЛТУРНА ЕСЕН 2019“
,, ДОЈДИ, ВИДИ , па РАСКАЖИ,,


15- октомври (vtornik)
– Oтворање на манифестацијата
„КАВАДАРЕЧКА КУЛТУРНА ЕСЕН 2019“
– Фанфари-најава- ученици и професори од ООМБУ,, Лазо М. Рале,, Кавадарци
– Фолклорен ансамбл,, Тиквеш,, Кавадарци
– Хор при ООМБУ,, Лазо М. Рале
– Оркестар на народни инструменти при ООМБУ,, Лазо М. Рале
( Градски плоштад -почеток 19.00 часот)

16- октомври (среда)
– Вечер посветена на Тоше Проевски – Концерт
МАД &М8 и Пикси –Ване
( Галерија при Дом на култура –поч.19.30 часот)

17- октомври (четврток)
– Одбележување ,, 90 години театар во Кавадарци,, ,
а воедно и Отворање на ,, МЕСЕЦ НА ТЕАТАРОТ ВО КАВАДАРЦИ,,
– Изложба на фотографии
– Театарска претстава ,, Од кол на кол,,
во изведба на театар при Дом на култура
– режија Диме Коцевски
( Сала при Дом на култура –поч.19.00 часот)

18- октомври (петок)
ПРЕМИЕРА
– Детска театарска претстава ,, Снежана и 7-те џуџиња,,
Текст –Браќата Грим
Адаптација и режија –Микица Илова
( Сала при Дом на култура –поч.19.00 часот)

21- октомври (понеделник)
– Детска театарска претстава ,, Снежана и 7-те џуџиња,,
Текст –Браќата Грим
Адаптација и режија –Микица Илова
( Сала при Дом на култура –поч.11.00 часот и 12 часот)

-Работилница од областа на драмска дејност
(во соработка на ученици од основни и средни училишта и актери при Дом на култура –Кавадарци)
( Галерија при Дом на култура –поч.19.00 часот)

22- октомври (вторник)
-Детска театарска претстава ,, Снежана и 7-те џуџиња,,
Текст –Браќата Грим
Адаптација и режија –Микица Илова
( Сала при Дом на култура –поч.11.00 часот и 12 часот)

-Промоција на книга на Синиша Станковиќ од Скопје
,, Маалски прикаски,,
( Галерија при Дом на култура –поч.19.30 часот )

24- октомври (четврток)
– Детска театарска претстава ,, Снежана и 7-те џуџиња,,
Текст –Браќата Грим
Адаптација и режија –Микица Илова
( Сала при Дом на култура –поч.11.00 часот и 12 часот)

-Работилница од областа на Фолклорната дејност
(во соработка на ученици од основни и средни училишта и соработниците од Фолклорен ансамбл,, Тиквеш,, Кавадарци)
( Галерија при Дом на култура –поч.19.00 часот )

25- октомври (петок)
-Детска театарска претстава ,, Снежана и 7-те џуџиња,,
Текст –Браќата Грим
Адаптација и режија –Микица Илова
( Сала при Дом на култура –поч.11.00 часот и 12 часот)

-Изложба на дела на ликовниот уметник Илија Спасов-Чендо од Неготино
( Галерија при Дом на култура –поч.19.30 часот )

28- октомври (понеделник)
-Детска театарска претстава ,, Снежана и 7-те џуџиња,,
Текст –Браќата Грим
Адаптација и режија –Микица Илова
( Сала при Дом на култура –поч.11.00 часот и 12 часот)

-Работилница од областа на фотографијата
(во соработка на ученици од основни и средни училишта и Инфокус –продукција ,под менторство на Тони Коцев)
( Галерија при Дом на култура –поч.19.00 часот )

29- октомври (вторник)
-Детска театарска претстава ,, Снежана и 7-те џуџиња,,
Текст –Браќата Грим
Адаптација и режија –Микица Илова
( Сала при Дом на култура –поч.11.00 часот и 12 часот)

Проекција на детски филм ,, Двојна неволја – магичното огледало ,,
Проект -Готвиме филм, сликаме филм и гледаме филм
( Сала при Дом на култура –поч.19.00 часот)

31- октомври (четврток)
– Театарска претстава -гости
Во соработка со професионален театар
( Сала при Дом на култура –поч.20.00 часот )

01 -ноември (петок)
Проект ,, КАВАДАРЕЧКИ ФОЛКЛОРНИ СРЕДБИ ,,
( два дена)
Настап на Ансамбл,, Македонија,,
и Фолклорен Ансамбл,, Тиквеш,,Кавадарци
( Сала при Дом на култура –поч.19.00 часот )

02 – ноември (сабота)
Продолжува проектот,, Кавадаречки Фолклорни средби
Настап на Ансамбл ,, Пела,, Грција
КУД ,, Јане Сандански ,,Неготино и
Фолклорен Ансамбл,, Тиквеш,, Кавадарци
( Сала при Дом на култура –поч.19.00 часот )

04 – ноември (понеделник)
– Театарска претстава ,, Од кол на кол,,
Театарска претстава на Дом на култура
во режија на Диме Коцевски
( Сала при Дом на култура –поч.20.00 часот)

05 – ноември (вторник)
-Отворање на Изложба ,, Ресенски Ликовни мотиви,,
Во соработка со Дом на култура-Ресен

-Камерен Концерт на ученици и наставници од ООМБУ ,, Лазо Мицев-Рале,, Кавадарци
( Галерија при Дом на култура –поч.19.00 часот)

06 – ноември (среда)
-Промоција на книга на Љубомир Грбевски
,, Лет со умот кон папокот на универзумот,,
Бајки несолени за мали и за големи
со музички перформанс ( Настап со гитара)
( Галерија при Дом на култура –поч.19.00 часот)

07 – ноември (четврток)
,, Пензионерите пеат ,, – во чест на Никола Бадев
Здружение на пензионери –пеачка група ,, Лоза,,
КУД ,, Васил Хаџиманов,, Кавадарци и др.
( Сала при Дом на култура –поч.19.00 часот)

09 – ноември (сабота)
– Театарска претстава ,, Примка,, ( случка во такси)
гостување на театар – Штип
( Сала при Дом на култура –поч.19.30 часот)

11 – ноември (понеделник)
– Детска Театарска претстава ,, Волшебникот од Оз ,,
Во режија на Микица Илова
( Сала при Дом на култура –поч.19.00 часот)

12 – ноември (вторник)
-Отворање на Изложба на дела на Елизабета Костовска од Скопје

Концерт на симфонискиот оркестар при ООМБУ ,, Лазо Мицев Рале,, Кавадарци
( Галерија при Дом на култура –поч.19.00 часот)

13 – ноември (среда)
– Театарска претстава ,, Од кол на кол,,
Театарска претстава на Дом на култура
во режија на Диме Коцевски
( Сала при Дом на култура –поч.20.00 часот)
14 – ноември (четврток)
-Ден посветен на трите културни институции во Кавадарци
( Ликовен перформанс, поетско читање , дегустација на храна и вино)
Дом на култура-Кавадарци,
Музеј Галерија и Библиотека ,, Феткин,,
( Галерија при Дом на култура –поч.12.00 часот)

-Проекција на филм ,, Медена земја,,
Најнаградуваниот македонски документарец
( Сала при Дом на култура –поч.19.00 часот)

15- ноември (петок)
– ЗАТВОРАЊЕ НА КАВАДАРЕЧКА КУЛТУРНА ЕСЕН 2019
– ,, ВО ВИНОТО Е ВИСТИНАТА,,
Настап на Акустико Бенд, Стево Волчев и пријателите, Трио Мањифико и др.

-Дружење со топло вино и ракија
(Градски плоштад –Кавадарци поч.19.00 часот )

Von kavadar