Алшар 2018 – допри го сонцето
08. + 09.  + 10. 06. 2018

 

 

 

Почитувани Точакџии, Планинари, вљубеници во природата и планините, почитувани пријатели,
Имајќи огромна почит и разбирање кон сите Организатори и посетители на Настаните под отворено кои веќе ги има на секоја македонска планина и респектирајќи го виртуелниот простор и временската рамка низ која овие настани се одржуваат и еве поминаа неколку од нив, каде Тиквешките Точакџии дадоа безрезервна поддршка и масовно присуствуваа, а секако и за следните настани Тиквешки Точакџии ќе бидат присутни,
еве на Ваше очекување спремни сме и сакаме да објавиме, најавиме за долгоочекуваниот Настан под отворено „АлШар 2и18 – 8-9-10 Јуни – Допри го сонцето, осознај ја тајната за почетокот на светот“:
• Програма на настанот – ПРИЛОГ
• Објава за комплетирање на Старт Пакетите за Котизација и што вклучуваат истите – Следи објава
• Информација дека Старт пакетите се во ограничена количина поради специфичноста и молба да побрзате со резервации и уплати – Следи објава.
Поради обемноста на материјалите за настанот, сите информации ќе ги проследиме низ неколку официјални Објави (постови) преку ФБ.
Ви благодариме на сите за довербата, стрпливоста и поддршката со ветување дека Третиот по ред АлШар 2и18, ќе понуди неколку нови содржини за првпат во Македонија.
Со почит,
Целокупниот тим на ТИКВЕШКИ ТОЧАКЏИИ Кавадарци

 

Von kavadar