Добродојдовте на неофицијалната страна на град Кавадарци


Grb-Kavadarci

home-дома
Актуелно
Лична карта
Положба
Фотографии
Информации
 
 
 

 

 

СоколАрт

Оваа страна кога почнав да ја правам во декември 2014, со повод изложбата на Ристо во Музеј - Галеријата Кавадарци, беше прво замислена како поопширна информација за изложбата. Но само некој ден потоа почнаа да идат идеи како би можело тука да се представи творештвото на најоригиналниот уметник (по мое мислење) што Македонија го има.

За жал дојде и 14 февруари 2015, Св. Трифун.
Замина ценетиот приател, ама ни остави работи по кои вечно ќе го памтиме...


13.04.2016
Една година без уметникот

 


16.04.2015

ПОСЛЕДНИОТ ПЕТОК

Краток филм за изложбата на Ристо Соколов Сокол «Ретро Арт – Нови моменти» одржана од 12.12.2014 - 19.01.2015
Свесно не е напишано “од последната изложба на Ристо“ како што стои на оргиналот. Можеби последна изложба на која Ристо лично, со душа и тело бил присутен ама не ...

 


14.02.2015

Почитувани,
Се роди на Велигден 1957, замина на Свети Трифун 2015. Големиот мајстор на ликовната уметност Ристо Соколов Сокол. Денес престана да чука срцето на еден од најголемите и најпознатите македонски ликовни уметници, големиот ликовен иноватор, маестро на перформансите, учител на младите уметници, големиот кавадарчанец и пријател на убавото во животот.
Ристо Соколов Сокол е роден на 16 април 1957 година, во село Дреново, Кавадарци. Завршува средно уметничко и Факултет за ликовни уметности во Скопје, отсек графика во класата на проф. Димитар Малиданов и графички дизајн во класата на проф. Костадин Танчев Динка. Живееше и работеше во Кавадарци, Република Македонија, како слободен уметник.
Последната негова изложба насловена како “Ретро Арт – Нови моменти“ (12 декември 2014 – 12 јануари 2015, Музеј Галерија Кавадарци) ќе остане запаметена како најпосетувана изложба во историјата на ликовната уметност во Кавадарци.
Посмртните останки на Ристо Соколов Сокол ќе бидат изложени утре (недела, 15 февруари 2015) од 11 до 12 часот во Градската капела во Кавадарци. Погребот е во 12 часот на Градските гробишта во Кавадарци.

Со почит,
Марјан Тодоровски
Пријател и соработник на Ристо соколов Сокол


Risto Sokolov
Траилер од документарецот за последната изложба на Ристо Соколов Сокол.
Автор: Тони Коцев

Го загубивме Ристо.
Големиот уметник, другар, соработник, учител. Од самите почетоци на Фото Студио Експрес, Ристо беше секогаш тука за нас, да ни помогне, да не подучи.
Ристо е цврсто вграден во развојот на Фото Експрес, беше дел од нашето семејство, ниту една фотографија не отиде на изложба, на натпревар, без да биде проценета од него. Безброј часови поминати пред компјутер работејќи на најразлични проекти, бесценето време кое го поминавме со него истовремено и работејќи и учејќи од него.
Заминувањето на Ристо откина голем дел од душата на Фото Студио Експрес, остави рана што тешко ќе зарасне.
Почивај во мир БРАТУЧЕД ...

Фото Студио Експрес Кавадарци


 

декември 2014

risto 001

 

Во петок, на 12 декември 2014, во ликовните салони на “Музеј – Галерија“ Кавадарци, во 18 часот ќе биде отворена голема самостојна изложба на еден од најпознатите кавадаречки ликовни уметници воопшто – Ристо Соколов Сокол. Изложбата е по повод големиот ликовен јубилеј 40 години успешно активно бавење со ликовна уметност и носи наслов “Ретро Арт – Нови моменти“. Навидум ретроспективна, новата изложба на Ристо Соколов Сокол носи нова поставка и ново видување на ликовниот момент, со повеќе нови дела кои заедно со се што ќе биде изложено во кавадаречкиот “Музеј – Галерија“, всушност заокружува негов тригодишен уметнички и животен циклус. Провокативен со секое ново дело, познат перформер, но и по тоа што за неговите изложби се говори долг период по отворањето, Ристо Соколов и овојпат поставува нови правци со своите успешни ликовни експерименти, не само со материјалите кои ги користи за својата уметност, туку и преку темите, за кои познавачите на неговото обемно ликовно творештво велат дека се непресушни.

SokolArt  - Siti art

Изложбата “Ретро Арт – Нови моменти“ доаѓа по два и повеќе од успешни ликовни циклуси заокружени со рекордно посетени изложби – “Траги – Ретро мултимедиа“ (2009) и “Некогаш и денес“ (2011), со кои успешно го сублимираше неговиот десетгодишен експеримент во креирањето ликовни дела со природни материјали, за што во 2012 го доби највисокото признание на општина Кавадарци, наградата “7-ми Спетември“. Со комбинираните поставки од двата циклуса, кои беа изложени во повеќе градови низ Македонија во 2012 и 2013 година, го навести и новиот правец во кој ќе се движи неговото ликовно творење, чие свовидно финале ќе се случи пред кавадаречката и македонската ликовна јавност во петок, на 12 декември.
Ристо Соколов Сокол е роден на 16 април (на сам Велигден) 1957 година, во село Дреново, Кавадарци. Завршува средно уметничко и Факултет за ликовни уметности во Скопје, отсек графика во класата на проф. Димитар Малиданов и графички дизајн во класата на проф. Костадин Танчев Динка. Живее и работи во Кавадарци, Република Македонија, како слободен уметник.
Излагал самостојно низ цела Македонија, во повеќе Европски земји, а преку групни изложби е присутен низ целиот свет. Познат е и како успешен организатор на Меѓународни ликовни колонии, а последните неколку години ја сублимира успешно соработката со други уметности (музичка, театарска, литературна, фотографска и др.) преку неформалната уметничка група “Сокол Арт“ која настана од неговиот двегодишен ангажман во кавадаречката и македонска уметност преку Уметничкото студио “Сокол Арт“, од каде што произлегоа неколку ликовни изложби, театарски претстави, поетски дела, фотографски перфоманси, мултимедијални настани и концерти.

Марјан Тодоровски
Медиумски соработник на Ристо Соколов Сокол
www.bluziranje.blogspot.com


 

Неколку видо записи:


Изложба - 06.11.2011, “Некогаш и денес“ (13:51 мин.)

 


Трагите на Соколот - МТВ, (25:57 мин.)

 


“ТРАГИ“ ТВ Тиквешија (31:42 мин.)

 

 

 



 

 

 

 

Prozorec

ПРОЗОРЕЦ

Еј, пријателе
Жив, здрав
Кажи ми - како
Кажи ми - колку
И време и патишта
Оти прозорецов
Ми подари СОНЦЕ
Ми подари СВЕТЛИНА
Ми донесе РАДОСТ
-/-
И што ако
Пријателе
Сум таков
Понекогаш - за никаде
Прозорецот
Пријателе
Колку ли само
Сакам да ти речам
БЛАГОДАРАМ
Што дозволи
Да погледнам
Низ него
-/-
И да...
БЛАГОДАРАМ
Пријателе мој
Што сеуште
Ширум е отворен

Марјан Тодоровски, 2009

 

 

 

 

  Ristovski © 2014 posta
mak en de