Добродојдовте на неофицијалната страна на град Кавадарци


Grb-Kavadarci

home-дома
Актуелно
Лична карта
Положба
Фотографии
Информации
 
 
 

 

 

Моторциклистички трки во Кавадарци

 

При крајот на минатиот век, таму некаде седумдесетите години, за време на «Тиквешкиот Гроздобер» се одржуваа и мото трки низ улиците на Кавадарци.
Трките се возеа во сите категории и се бодуваа за шампионатот на Југославија. На трките учествуваа натпреварувачи од сите републики на поранешна Југославија
“... од Вардара па до Триглава...“

Но со замирањето на «Тиквешкиот Гроздобер», и поради “сигурносни“ причини престанаа трките по улиците на Кавадарци...
Се надеваме дека трките , ако не во такво, во некое ублажено издание, ќе “дојдат“ на ред за оживување на традиции кај денешната локална самоуправа и градоначалникот па и оваа традиција повторно ќе ја заживее...


 

 

 

Им се заблагодаруваме на Димитар Пендев од
«АМД Страшо Пинџур» Кавадарци што ни ги одстапија фотографиите на користење, на Златко Димов што ги организираше фотографиите

Воедно ги замолуваме сите што имаат фотографии од моторциклистичките трки во Кавадарци или гроздоберите од некогаш, панаѓурите кога имаше “Ѕид на смртта“ и “Глобус на смртта“ да ни достават по некоја на нашата адреса.

 

 

 

  Ristovski © 2005-2010 posta
mak en de