Добродојдовте на неофицијалната страна на град Кавадарци


Grb-Kavadarci

home-дома
Актуелно
Лична карта
Положба
Фотографии
Информации
 
 
 

 

 

Лето 2012

   
  .
  .
  .
  .
  .
  .
  .
  .
  .
   

 



 

 

 

 

... уште еден годишен одмор во Кавадарци

Информацииите по неколку локални медиуми во пролетта 2012 на кои градоначалникот со гордост разлагаше дека улицата Индустријска се рекунструира и наскоро ќе биде завршена ги поништи ударањето на предните тркала на мојата кола на ивичњакот на сред раскрсница кој уште чичко Наум од Пештани уште во 1957 го поставил – тогаш како што доликува на страната од патот. (Не се криви човеците, од каде да знаат дека сред раскрсница нетреба ивичњак висок 10 – 15 цм…)

И така овогодишниот одмор ги остави истите впечатоци, дали во Кавадарци, Кочани, Радовиш, Струмица, Охрид, Прилеп или во Скопјето, секаде се шминкаат центрите на местата, а само зад првиот ред на куќи …

Кавадарци, сред лето
базентот – празен,
Ваташката брана – запустена, шо да праве човек мора да оде у “грчка“…
Паркирањето во центарот – лото или уметност…
Паркот – уште се држе, ама затоа што пред 40-50 години некој го направил поштено…
ФЕНИ – и понатаму ја труе Македонија, а камионите кои носат материјал (кој знае каков) од “пизду матер“, по стотици пати на ден ги газат патиштата кои се направени за некои избори, а не да милиони тони поминуваат по нив….

… човекот што кажал: “Македонија – земја на чудата!“ потполно е во право.
Во Македонија веќе ништо не ме чуди!


А? убавите работи? ги има, како што се дружењето со правите другари и приатели, срдечноста на роднините, … и безкрајно долгите седенки…

Зборовите кои подоцна ги слушнав од еден приател кој пред 30 години работел во Кавадарци па дури ова лето повторно го посети: “Оно твоје Кавадарци у опште се није променило, рекао би да чак пре 30 година боље изгледало…“ – беа стварно на место.

Во Кавадарци веќе 20 години ништо плански се нема направено, зошто би било тоа ова лето поинаку. Но сето тоа ме нервира зошто со малку човечки разум и желба многу од работите можат да се сменат на подобро. Затоа јас веќе оддамна не зборувам со никој за тоа и не се нервирам за нередот во нашето Кавадарци.

Јас моите неколку денови во Кавадарци сакам да ги уживам и поминам со роднините, другарите, приателите..

 

 

 

 

  Ristovski © 2012 posta
mak en de