Почитувани,

Во среда, на 26 август 2020, започнува со работа традиционалната Меѓународна ликовна колонија “Кавадарци – Михајлово“ во организација на Дом на култура “Иван Мазов – Климе“ Кавадарци. Годинава со скратено времетраење (26 – 29 август) и намален број на учесници (петнаесетина) поради пандемијата на COVID – 19 и протоколите предвидени за оддржување на настани. Дел од учесниците ќе учествуваат на лице место, а дел од учесниците ќе се претстават со свои дела „online“.

Пред самото отворање на ликовната колонија, во Галеријата при Домот на културата во Кавадарци (26 август 2020 од 20 часот), ќе биде отворена изложба на ликовниот уметник Љупка Галазка Василев од Струмица, насловена како “Урбан лиризам“. Свеченото отворање е од 21 часот истиот ден во Хотел “Уни Палас 2“ Кавадарци каде и ќе престојуваат и творат уметниците учесници. Музички гости на вечерта се дуото “Пикси и Ване“ и рок групата “Епидеми“.

Во текот на работата на колонијата ќе биде отворена и изложба на ликовниот уметник Александра Кокотовиќ од Белград, Србија. Оваа изложба ќе биде поставена во Музеј Галерија Кавадарци и ќе биде оворена во четврток, на 27 август 2020, од 20 часот.

Затворањето на колонијата е во сабота на 29 август 2020, од 20 часот, со изложба на реализираните дела во Хотел “Уни Палас 2“ и со музички настап на рок групите “MAD&M8s“ и „Bad – Ass – All“. Ликовната колонија “Кавадарци – Михајлово“ е поддржана од Локалната самоуправа на општина Кавадарци и Министерството за култура на Република Северна Македонија.

Сите активности на ликовната колонија ќе се одвиваат според Протоколите за работа во време на COVID – 19: за сите учесници и гости на колонијата – носење лична заштита на лицето, дезинфекција на рацете, одржување на растојание 1,5 – 2 метри, мерење на температура и ограничен број на посетители.

Со почит,
Марјан Тодоровски
Дом на култура Кавадарци

Von kavadar