Во среда, на 20 ноември 2019, со концерт на Градски оркестар Скопје во Дом на култура “Иван Мазов – Климе“ Кавадарци, свечено ќе биде затворено годинашното издание на традиционалната манифестација “Кавадаречка културна есен“.
Манифестацијата годинава донесе над триесет културни и уметнички настани: концерти на етно и класична музика, ликовни изложби, филмски проекции, промоции на книги, работилници за драмска, фолклорна и фото дејност, фолклорен фестивал и др.

Во рамките на манифестацијата се одржа и “Месец на театарот“ во чии рамки се одиграа гостувачки претстави, претстави од редовниот репертоар на кавадаречкиот Театар при Домот на културата, како и премиера на детска театарска претстава. “Месец на театарот“ е посветен на 90 години од првата одиграна официјална театарска претстава во Кавадарци.

Манифестацијата “Кавадаречка културна есен 2019“ беше отворена на 15 октомври 2019.

Со почит,
Марјан Тодоровски

Von kavadar