Почитувани,

Во среда, на 10 јули 2019, со почеток од 20 часот, во Домот на културата “Иван Мазов – Климе“ Кавадарци – Летна сцена, ќе се оддржи осмото издание на Меморијалната манифестација “Денот кога се роди добриот човек“.

Манифестацијата е посветена на кавадаречката урбана легенда Дејан Костов Лиса, дете на поубавата страна на Кавадарци, долгогодишен соработник на најдобрите кавадаречки уметници од сите дејности. “Денот кога се роди добриот човек“ е во организација на Здружението за алтернативна култура “Алтер Центар“ Кавадарци, годинава во соработка со Домот на културата “Иван Мазов – Климе“, а е поддржана од семејството на Дејан Костов Лиса.

Вечерта ќе донесе настапи на познати кавадаречки поети, актери, фото и ликовни уметници, а специјални гости на вечерта се рок бендот “Журнал“, ветерани на кавадаречката рок сцена, кој по неколкугодишна пауза повторно тргнуваат во музицирање и авторска музика на радост на љубителите на рок музиката.

Инаку, “Алтер Центар“ освен Меморијалната манифестација “Денот кога се роди добриот човек“, се јавува и како организатор на Меморијалната манифестација “Пријателите за Ристо“, посветена на еден од најголемите македонски и кавадаречки ликовни уметници Ристо Соколов Сокол (четири изданија до сега), на Мултимедијалната манифестација “Алтернативни пејсажи“ (годинава по втор пат) и “Тиквеш Рок фест“ (годинава по петти пат).

Со почит,
Марјан Тодоровски
“Алтер Центар“ Кавадарци

Von kavadar