Почитувани,

Во неделата што следува во Домот на културата “Иван Мазов – Климе“ ќе се случат неколку настани:
Во понеделник, на 5 ноември 2018, со почеток од 19 часот во Галеријата при Домот на културата ќе биде отворена изложба на уметнички фотографии насловена како “Припитомување на крикот“ на Љупчо Илиевски. Станува збор за фотографии направени за време на одржувањето на театарскиот фестивал МОТ во Скопје.

Во вторник, на 6 ноември 2018, со почеток од 19.30 часот, исто во Галеријата при Домот ќе се одржи целовечерен концерт на акустични гитари на групата “Квинс“ од Виница.

Во среда пак, на 7 ноември ќе се случат два настани: од 12 часот е промоцијата на книгата/магистерски труд на Благица Кицева од Кавадарци, насловена како “Улогата на меѓународната дипломатија во разрешувањето на вооружениот конфликт од 2001 во Република Македонија“, д
одека во 20 часот на репертоарот е хит претставата “Пасивно пушење“ на Театарот при Домот на културата. Сите овие настани се сво склоп на тековната манифестација “Кавадаречка културна есен 2018“

Што се однесува до претставата “Пасивно пушење“ кавадаречките актери во петок и сабота, на 9 и 10 ноември гостуваат во Србија. На 9 ноември играат на отворањето на Меѓународниот театарски фестивал “Repasagge” во градот Уб, додека на 10 ноември гостуваат на сцената на Центарот за култура во градот Ковин. Претставата “Пасивно пушење“ е по текст на Небојша Ромчевиќ (Србија), а е во адаптација и режија на Јордан Витанов.

Со почит,
Марјан Тодоровски
Дом на култура Кавадарци

Von kavadar