Во вторник, на 10 јули 2018, со почеток од 19 часот, на платото под Винска куќа во Градски парк Кавадарци, по седми пат ќе се одржи Меморијалната манифестација “Денот кога се роди добриот човек“.

Меморијалната манифестација “Денот кога се роди добриот човек“ е посветена на Дејан Костов Лиса, урбан лик од Кавадарци, соработник на најдобрите кавадаречки ликовни уметници, музичари и литерати, дете на поубавата страна на кавадаречката приказна. Човек чиј лик е запишан на кавадаречкиот асфалт.
Во чест на Дејан Костов Лиса, само дел од содржините на настанот: Изложба на оригинални уметнички фотографии на Јадран Манчев и целовечерна свирка на Bad-Ass-All, рок бенд со оригинална урбана кавадаречка приказна.
Седмото издание на Меморијалниот настан “Денот кога се роди добриот човек“ е во организација на Здружнието за алтернативна култура “Алтер Центар“ Кавадарци, а е поддржано од Министерството за култура на РМ.
Се гледаме на 10 јули 2018 во чест на Дејан Костов Лиса!

Von kavadar