Почитувани,

Во четврток, на 21 јуни 2018, 28 јуни 2018, 05 јули 2018,
12 јули 2018, со почеток од 20 часот
, Театарот при Домот на културата “Иван Мазов – Климе“ Кавадарци ќе има премиерна изведба на претставата “Пасивно пушење“, по текст на Небојша Рончевиќ (Србија).

Жанровски станува збор за комедија и во неа парадоксите кои Европа ги има кон имигрантите. Инаку текстот ја имаше својата праизведба во “Звездара театар“, Белград, Србија, а во Македонија првата изведба ја има токму на сцената на кавадаречкиот Дом на култура.

Режијата е на Јордан Витанов од Велес, како гостин.

Во претставата играат: Атанас – Диме Коцевски; Жан Клод М’Бебе – Видан Станоев; Лакан – Диме Боцев; Џек Бауер – Љупчо Настов; Џек Бауер Јуниор – Коле Колев; Зорка – Валентина Ѓорѓиова.

Преводот на македонски јазик и адаптацијата на текстот е на Ненад Витанов. Сценографија – Валентин Светозарев; костимографија – Јордан Витанов; избор на музика – Марјан Тодоровски; асистент на режија – Микица Илова; инспициент/суфлер – Благица Илиева; видео продукција – Тони Коцев; сценска поддршка – Диме Темков; плакат – Билјана Соколова Тодоровска.

Во пресрет на премиерата, во среда, на 20 јуни 2018, со почеток од 11 часот, во театарските простории на Дом на култура Кавадарци, ќе се одржи прес конференција, како најава за случувањата околу претставата “Пасивно пушење“.

Со почит,

Марјан Тодоровски

Дом на култура Кавадарци

Von kavadar