Почитувани,
Домот на културата “Иван Мазов – Климе“ Кавадарци, покрај другите програмски активности, овие денови ќе понуди и два исклучителни настани.
Имено, во четврток, на 7 јуни 2018, со почеток од 19 часот, во Галеријата при Домот на културата ќе се одржи промоција на пет дела од стрип едицијата “Лифт“ на издавачката куќа Темплум – Скопје. Исклучителен настан, кога станува за запоставената стрип култура во градот, која со овој настан се враќа на сцената во Кавадарци.

Во петок, на 8 јуни 2018, со почеток од 20 часот, во Галеријата при кавадаречкиот Дом на култура ќе биде отворена изложба на Илина Арсова, насловена како “Спам“, на која ќе бидат претставени повеќе дела на авторката во повеќе техники и материјали, на ангажирана тема.

Јуни месец во Дом на култура “Иван Мазов – Климе“ Кавадарци ќе донесе уште неколку настани кои го заслужуваат вниманието на културната јавност, меѓу другото на 14 јуни е промоцијата на Романот на годината “Одбројување“ на Фросина Пармаковска и Фондацијата “Славко Јаневски“,

а на 29 јуни промоцијата на Македонска рок енциклопедија на Тошо Филиповски.

 

Со почит,
Марјан Тодоровски
Дом на култура Кавадарци

Von kavadar